Њукасл трпи срам во Англија – Заборавија да си го рефрешираат тимот на клупскиот календар

Њукасл трпи срам во Англија откако комплетно потфрли маркетинг-секторот на „црно-белите“ и пушти во продажба официјален календар на клубот со тројца играчи кои не се веќе во ростерот уште од минатото лето.

Ајозе Перез дури и му даде гол на Њукасл како играч на Лестер, а со него на календарот се и Саломон Рондон и Кенеди, исто така поранешни играчи на премиерлигашот.

За да биде уште посмешно и поболно за навивачите на Њукасл, календарот е за јануари, во кој на почетокот, односно на првиот ден од Новата година, Перез му ја затресе мрежата на својот поранешен клуб во победата на Лестер од 3:0.

Луѓето задолжени за кроењето на календарот преспале барем половина година бидејќи Рондон си замина во јули, лани, а во Њукасл играше како позајмен играч од Вест Бромич албион.

Ист е случајот и со Кенеди, кој играше за Њукасл како позајмен фудбалер од Челзи и си замина од „Сент Џејмс парк“ во септември, лани.

На календарот за јануари има фотографија од осуммина играчи. Само пет од нив се уште членови на Њукасл, кој има ростер од 26-мина играчи, па изборот на администрацијата и маркетинг-секторот е многу смешен, а утката голема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести