Нуркиќ скрши нога, добива поддршка од сите страни (Видео)

Јусуф Нуркиќ се здоби со тешка повреда на мечот помеѓу Портланд и Бруклин и за него сезонава е завршена. На 2,22 минути до крајот од второто продолжение, Босанецот, кој имаше 32 поени, во обид за офанзивен скок, при доскокот ја скрши ногата. Играчите се држеа за глава, а центарот на Блејзерс остана да лежи на паркетот и по неколку минути беше изнесен од салата.

„Ми се згади кога ја видов ногата на Јусуф. Toj е мој брат. Ова ми е вторпат во животот да видам ваква повреда“, рече Демиен Лилард. Ниту судијата пред чии очи се случи ова не можеше да гледа.

Од клубот порачаа: Те сакаме босански ѕверу! Поддршка преку социјалните мрежи дојде од многу НБА-играчи.

 

- Оглас -

Најнови вести