Нурс е тренер на годината во НБА лигата

Ник Нурс, тренерот на Торонто репторс, е прогласен за најдобар стратег за сезоната 2019/20 во НБА лигата. Само една година откако Нурс ги одведе Рептилите до историската прва титула, заслужено ја доби наградата за најдобар тренер.

Бранителот на тронот во НБА лигата оваа сезона заврши на второто место на Истокот со учинок 53-19, додека Торонто е на прагот да се пласира во втората рунда од разигрувањата, бидејќи има 3-0 водство во серијата против Бруклин нетс.

- Оглас -

Најнови вести