О‘Саливен го покани Белингам да одиграат партија снукер, предизвикот прифатен

Фотографијата на Џуд Белингам со стап за снукер, може да донесе интересен настан, дел на овој фудбалер против најдобриот во историјата на снукерот, Рони О‘Саливен.

Интересно е дека двајцата се родени речиси на исто место, во предградие на Бирмингем. Рони е 28 години постар од еден од најдобрите светски фудбалери, но имаат почит еден кон друг.

Белингам кога ја објави фотографијата од клуб за билијард, напиша: „Половина час го гледав документарецот за Рони“.

Ова му беше интересно на големиот мајстор, па Рони веднаш испрати покана да одиграат меч. Џуд со задоволство го прифати предизвикот.

- Оглас -

Најнови вести