О`Саливен изненадувачки елиминиран, снукерот добива нов светски првак

Актуелниот светски првак во снукер, Рони О`Саливен, титулата ќе му ја препушти на некој друг, откако синоќа славниот играч беше елиминиран од Ентони Мекгил и тоа со 13-12 во фрејмови. Мекгил водеше со 10-6, и го најави изненадувањето, Рони одговори со пет добиени партии по ред за 11-10, водеше и со 12-11, но на крајот беше елиминиран. Во мајсторката, шампионот имаше своја шанса, но згреши и Шкотланѓанецот жестоко го казни тоа.

Така за 45-годишниот О`Саливен пропадна шансата по седми пат да стане светски шампион и да се изедначи со Стивен Хендри кој е рекордер во модерната ера на овој спорт. Рони за првпат во кариерата завршува сезона без да освои трофеј од некој турнир, иако играше неколку финалиња.

Со најважната победа во кариерата, Мекгил заработи 50.000 фунти. Во четвртфиналето, Мекгил ќе игра со Џејми Џонс или Стјуарт Бингам. На мечевите од СП во снукер, може да се обложите во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести