О‘Саливен повторно број 1 во снукер

Се исплатија доминантните неколку месеци на Рони О‘Саливен. Легендарната „ракета“ се врати на првото место на светската ранг листа во снукер. Англичанецот на врвот го замени Марк Селби, кој беше најдобар и прв на оваа листа од 2015 година, а по точно 1506, О‘Саливен ја прекина неговата доминација.

Во изминатите четири месеци, О‘Саливен освои три големи турнири од кои заработи 455.000 фунти.

Рони за првпат по 2010 година се врати да биде број 1, а дури по четврти пат во неговата кариера успева да го дофати кровот во снукерот.

 

- Оглас -

Најнови вести