Обамејанг чекал повик од лутиот ривал на Арсенал што никогаш не се случи (Видео)

Пјер-Емерик Обамејанг бил на тренинг на „Вајт Харт Лејн“ домот на Тотенхем, кој е најголемиот ривал на Арсенал во дербито на Северен Лондон и очекувал да ја продолжи кариерата кај Спарс, но тоа не се случи, а шпицот на Топчиите се уште не знае зошто.

„Дојдов на Вајт Харт Лејн тогаш како играч на Сент Етјен и потоа никогаш не ми се јавија. Не знам зошто“, открива популарниот Ауба.

Потоа патот го одведе на уште еден култен стадион, на „Ветфален“ каде играше неверојатно добро за Борусија Дортмунд, па потоа се пресели во Арсенал.

„Сега попрво би се пензионирал, отколку да играм за Тотенхем“, вели 32-годишниот репрезентативец на Габон и играч на Арсенал, кој е меѓу најдобрите напаѓачи на светот во последните десеттина години.

 

- Оглас -

Најнови вести