Обамејанг и соиграчите не го издржаа пеколот: Спиеја на подот на аеродромот и немаа сили на теренот да излезат непоразени

Гамбија го победи Габон со 2:1 во меч на две селекции кои атакуваат на првото место во групата 4 од квалификациите за пласман на Купот на африканските нации. По овој триумф, Гамбија се искачи на првото место со 7 бодови, колку што има и Габон, додека ДР Конго е трет само со три бода.

Модоу Бароу двапати погоди во второто полувреме за победа на Гамбија, а пред крајот на мечот Габон даде почесен гол. Овој меч имаше неверојатна предигра за која известија од гостинската репрезентација. Пјер-Емерик Обамејанг, ѕвездата на Арсенал, извести за тоа низ каков „пекол“ поминале сите од селекцијата на Габон по доаѓањето во Гамбија.

Експедицијата на Габон околу полноќ пристигнала на аеродромот во Гамбија, но фудбалерите не добиле дозвола да влезат во земјата. Според правилата за превенција од корона-вирусот, гостинските фудбалери требало да приложат негативни тестови за корона-вирусот не постари од 48 часа, но немале.

Затоа, властите на Гамбија го стопирале патувањето на гостите. Фудбалерите на Габон морале да поминат неколку часа на аеродромот, а ако се знае дека таму биле во текот на ноќта, сите, вклучувајќи го и Обамејанг, морале да спијат на подот.

Дури во утринските часови било дозволено репрезентативците на Габон да влезат во Гамбија и имаа само неколку часа да се подготват за мечот на кој очекувано загубија.

„Каква прекрасна ноќ на аеродромот. Само сакам да знам зошто властите во Гамбија со часови ги држи нашите пасоши. Нѐ држат на аеродромот, дали сме заложници?“, напиша Обамејанг пред почетокот на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести