Обамејанг со гол од пенал прослави историски настап во ФА купот (Видео)

Пјер-Емерик Обамејанг успеа со гол за Арсенал да го прослави историскиот настап во финале на ФА купот, бидејќи тој е првиот капитен на тим што бие битка за титулата, а потекнува од Африка.

Габонецот со капитенската лента ги предводи соиграчите против Челзи на „Вембли“ во походот по подобрување на рекордот на Топчиите, кои се најтрофеен тим со 13 пехари во националниот Куп на Англија.

Популарниот Оби успеа да погоди од белата точка, по пеналот што беше направен над него во 28. минута и израмни на 1:1.

Голот за израмнување на Арсенал предизвика вистински делириум кај навивачите на Топчиите, кои се собраа пред Вембли за да го следат финалето.

Претходно Кристијан Пулишиќ во раната фаза на мечот за титулата успеа да погоди во петтата минута за водство на Челзи од 1:0.

Сините од Стемфорд Бриџ бијат битка за деветтиот пехар и ако успеат да победат ќе бидат осамени на третото место на вечната листа на победници во ФА купот со најмногу трофеи.

Прв е Арсенал со 13 титули, пред Манчестер јунајтед со 12, а Челзи и Тотенхем се зад водечкиот двоец со по 8 куп-круни во националниот Куп на Англија.

- Оглас -

Најнови вести