Обединета Кореја доби попуст на ракометниот Мундијал

Обединета Кореја за првпат ќе игра со ракометари од двете земји, Јужна и Северна Кореја, а ќе бидат единствената репрезентација на која ќе ѝ биде дозоволено во составот да има 22-ца ракометари.

Јужна Кореја има многу поголемо реноме и ракометна традиција, па нивните соседи од Северна Кореја вклучија само четири играчи во заедничкиот состав што ќе игра во Германија и Данска на Мундијалот.

Поради баланс, ИХФ им дозволи мал попуст, па вклучени се уште четворица играчи, или вкупно 22-ца, што е над дозволениот лимит од 18 играчи за секој меч.

Кореја ќе игра денеска, на премиерниот меч во Берлин против домаќинот Германија од 18.15 часот, а во групата А се аутсајдери во конкуренција на Франција, Србија, Русија и Бразил.

 

- Оглас -

Најнови вести