Објавена листата на најплатени пилоти во Формула 1, Ферстапен и таму е број 1

Магазинот „Форбс“ објави листа на најплатени Формула 1 пилоти за 2023 година, а на врвот на листата е актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул.

Холанѓанецот, кој има 26 години, во 2023 ја одбрани титулата на ептен доминатен начин, дури со 19 победи на 22 трки. Според „Форбс“, платата и бонусите му донеле на Макс заработка од приближно 70 милиони долари.

Луис Хамилтон од Мерцедес заработил 55 милиони, а интересно е дека според приливот од спонзори, Хамилтон заработува повеќе од Ферстапен. Британецот надвор од договорот со Мерцедес годинава зел 10 милиони долари, Ферстапен „само“ 4 милиони.

Во топ 10 најплатени Ф1 пилоти се и Фернандо Алонсо, Серхио Перес, Шарл Леклер, Ландо Норис, Карлос Саинс, Џорџ Расел, Пјер Гасли и Оскар Пјастри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести