Прославениот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ и неговото семејство минуваат низ тешки моменти во животот откако на Горан му почина сестрата Срѓана.
Објавени се детали за смртта на Срѓана. Таа боледувала од Хоџкинсова болест, а таткото Срѓан рече дека иако таа била болна, секогаш била силна и полна со живот. Ја оперираа завчера претпладне и таа веќе не се разбуди после операцијата.
„Кога беше мала, имаше рак на лимфните јазли. Ја зрачеа и тоа си остави трага. Болеста не се врати, но имаше оштетувања во сите меки ткива. Посебно во белите дробови и срцето. Пред една година имаше тешко вирусно воспаление на белите дробови и ослабе. Вирусот ги нападна срцевите залистоци. Потребна беше операција која траеше 11 часа. Сè течеше по планот, требаше да ја разбудат, но дојде до хипертензија и не можеа да ѝ помогнат“, објаснува таткото на тенисерот.
Срѓана имаше 53 години. Погребот ќе се изврши в среда, во Сплит.