Објавени квотите во Sport Life за ЕП, огромна добивка ве чека ако погодите победа на Македонија против било кого

На еден месец пред почетокот на Европското првенство во фудбал, обложувалниците Sport Life ги обелоденија квотите за натпреварите од континенталниот шампионат кој е историски за нашата земја, бидејќи Македонија првпат игра на овој голем настан.

Според квотите кои ги одредија букмејкерите, екипата на селекторот Игор Ангеловски е голем аутсајдер на сите три натпревари во првата групна фаза. Прв ривал ни е Австрија на 13-ти јуни во 18 часот во Букурешт, а коефициентот за победа на Рисовите предводени од Горан Пандев е дури 6.50.

Втор настап ќе биде оној против Украина на 17ти јуни, истотака во главниот град на Романија, а квотата за победа на Црвено-жолтите е 5.35. Третиот меч за избраниците на Ангеловски на ЕП ќе биде гостувањето во Амстердам кај Холандија на 21-ви јуни, а за победа на македонската репрезентација на тој меч, квотата во моментов е дури 13.5.

На сајтот на Sport Life може да ги погледнете сите квоти за средбите од групната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести