Објавени резултатите од аутопсијата, познато како изгледале последните часови на Марадона

Обдукцијата на телото на Диего Марадона во мртовечницата „Сан Фернандо“ покажала дека причината за смртта е акутен срцев удар, поточно дека неговото срце откажало додека спиел, што предизвикало белодробен едем. Ова се првични резултати во извештајот, а конечниот извештај од аутопсијата ќе биде објавен за неколку денови, откако ќе бидат направени и токсиколошките и хистопатолошките тестови со кои ќе се види какви супстанци имал Марадона во телото.

Инаку Марадона всушност станал утрото околу 10 часот, се напил вода и направил неколку чекори како и другите денови, па се вратил во кревет. Околу пладне, медицинската сестра која се грижела за него, и психологот, се обиделе да го разбудат за да му дадат лекови, но тој не давал знаци на живот. Иако се обидувале да го вратат во живот, не успеале.

Брзо стигнале шест амбулантни возила, но реанимацијата била неуспешна, медицинските лица само констатирале смрт.

- Оглас -

Најнови вести