Објави лажно интервју со Михаел Шумахер, а потоа зажали за тој потег

Германскиот медиум Die Aktuelle пред извесен период на својата насловна страна најави ексклузивно интервју со легендарниот Ф1 возач Михаел Шумахер, кој пред скоро 10 години доживеа несреќа на скијање на француските Алпи и од тогаш го нема во јавноста, ниту има информации за неговата здравствена состојба.

Грижата за Шумахер ја презеде неговото семејство, кое не дава никакви информации што се случува со легендарниот возач. Јавноста беше шокирана кога ја виде насловната страна на списанието, но кога ќе започнете да го читате интервјуто, веднаш ќе ви стане јасно дека е лажно.

Од германскиот медиум ја користеле вештачката интелигенција која одговарала на прашањата околу животот на Михаел Шумахер. Ваквиот потег не мина без казна. Од раководството на медиумот веднаш е отпуштена Ана Хофман, директорката која дозволила ваквото интервју да се појави во јавноста.

Од Die Aktuelle се огласија со соопштение, во кое велат:

– „Тој невкусен и збунувачки текст не требаше да биде објавен. Не ги задоволува новинарските критериуми кои ги очекуваат нашите читатели.

Насловот за текстот беше “Михаел Шумахер: Прво интервју. Светска сензација“, што многумина наведе да поверуваат дека интервјуто е вистинско, но во содржината пишува дека е користена вештачка интелигенција која ги одговарала поставените прашања, а не лично Михаел Шумахер.

- Оглас -

Најнови вести