Облак ги плаши ривалите кога му шутираат пенал

Дека словенечкиот чувар на мрежата Јан Облак е еден од најдобрите голмани на светот, сите кои следат фудбал знаат, а ако некогаш му се замеруваше дека слаба точка му се пеналите, сега и од 11 метри изведувачите на пенали тешко го совладуваат човекот на кој му посакуваме на 10 октомври во Скопје повеќепати да ја вади топката од мрежа.

Денеска, на гостувањето на Атлетико кај Валјадолид беше досуден пенал за домашните, а Сандро Рамирес се исплаши од „октоподот“ Облак и по шутот од белата точка, топката отиде над голот.

PARTIDO DE LIGA EN EL ESTADIO JOSE ZORRILLA PENALTI

На финалето од ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Атлетико во 2016 година, во пенал-серијата Облак не одбрани ниту еден пенал, но тоа сега е далечно минато и на Словенецот сè потешко му се дава гол од оваа позиција. Откако брани за Атлетико, на Облак му шутнале 21 пенал, од кои 12 биле реализирани, а девет не. На листата на играчи кои утнале пенал против Облак се и Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Последен играч кој му даде гол од пенал на Облак беше Борха Иглесијас од Еспањол во завршното коло од минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести