Облак го вивна Атлетико во облаците и го однесе во четвртфиналето на ЛШ (Видео)

Екипата на Атлетико Мадрид е последниот четвртфиналист на Лигата на шампионите откако дури по изведувањето на пеналите го елиминира минатогодишниот финалист Интер. Натпреварот во Милано заврши 1-0 за Интер, а на реваншот во Мадрид, Атлетико со пресврт славеше со 2-1, па мораше да се шутираат пенали.

„Јорганџиите“ на пеналите беа подобри со 3-2, пред сè благодарение на одличниот Јан Облак, кој одбрани два пенали. Словенечкиот голман најпрво во втората серија го одбрани шутот на Санчес, а потоа во третата и на Класен. Во последниот шут Лаутаро Мартинес шутираше над голот.

Во меѓувреме, Саул беше единствениот фудбалер на Атлетико Мадрид кој не беше успешен бидејќи Сомер го одбрани неговиот удар.

Тоа значи дека Шпанија ќе има три екипи помеѓу најдобрите осум во Европа, а Италија останува без претставник.

- Оглас -

Најнови вести