Облак со Дончиќ го прослави новиот договор со Атлетико

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, во мало, интимно друштво, го прослави неодамнешното продолжување на договорот со клубот. Словенецот на мини-прославата, ги покани клупските колеги Диего Коста и Црногорецот Стефан Савиќ, како и двајца сонародници кошаркари, Лука Дончиќ и Лука Рупник.

Дончиќ деновиве е во Мадрид каде живееше во претходните години, додека настапуваше за Реал Мадрид. Тој им даваше поддршка на своите довчерашни соиграчи од Реал во дуелите со Панатинаикос, а најде време за дружба и со Облак и Рупник, кој игра за шпанскиот прволигаш Монтакит Фуенлабрада, клуб од Мадрид.

Облак е во Мадрид од 2014 година, а НБА ѕвездата Дончиќ таму живееше од периодот кога наполни 13 години, до пред половина година.

- Оглас -

Најнови вести