Не им беше смешно на сите кога Селина се посрамоти при изведување на пеналот (ФОТО)

Косовскиот интернационалец Берсант Селина синоќа „се прослави“ по еден циркузантски потег. Додека се играа мечевите од Лигата на шампионите меѓу Барселона – Лион и Баерн Минхен – Ливерпул, Селина беше главен во Англија, но не по некој фудбалски потег, туку поради начинот на којшто го изведе пеналот на дуелот Вест Бромвич албион – Свонси.

Офанзивниот играч на Свонси имаше шанса пред крајот на првото полувреме да донесе 1-1 за гостите, но наместо да погоди, тој се лизна и воопшто не ни успеа да упати удар кон голот на домаќините. На тој начин, пропадна шансата Свонси да израмни на 1-1, а на крајот ВБА победи со 3-0.

По покажувањетона кој начин беше утнат пеналот, веднаш се пожалија обложувачите. Токму тој утнат пенал спречи обложувачите да се израдуваат на добитно ливче, но тоа е спортот и обложувањето. Додека некои обложувачи се радуваат на погодени точни резултати во Лигата на шампиони и освоени многу пари, други ќе тагуваат поради една ваква грешка на изведувачот на пеналот.

Начинот на којшто беше изведен пеналот може да го видите ТУКА.

Еве дел од ливчињата кои „изгореа“ поради тој потег на Селина.

 

- Оглас -

Најнови вести