Обложувачите на шега ги нарекуваат Порта Влае, тие се единствениот тим што ги победи сите екипи во Англија (Фото)

Еден од најстарите клубови во Англија, Порт Вејл има со што да се пофали и тие се единствениот тим во историјата што ги имаат победено сите англиски клубови во четирите најсилни ранга на натпреварување.

Порт Вејл, или како што на шега кај нас обложувачите ги нарекуваат Порта Влае, имаат победи против сите тимови од Премиерлигата до Лига 2, а ги има 91 на број.

И тоа го сториле во официјален лигашки меч, нешто што го немаат ниту гигантите Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челзи, Тотенхем, Манчестер сити…

Порт Вејл е еден од најстарите клубови во Англија и постои од 1876 година, а моментно настапува во Лига 2, што е четвртиот по ранг систем на фудбалско натпреварување во земјата, зад Премиерлигата, Чемшионшип и Лига 1.

 

- Оглас -

Најнови вести