Обложувачите растурија со викенд-тикети, супер-деветка со уплата од 50 денари во Влае донесе добивка од 280 илјади денари (Фото)

Обложувачите имаа одличен викенд со топ-добивки во Sport Life, а на четири различни уплатни места има големи добивки со интересни комбинации.

ДЕВЕТ ПОГОДЕНИ СО УПЛАТА ОД 50 ДЕНАРИ НОСАТ ГОЛЕМ ЌАР

Во уплатното место на Sport Life во Влае мајсторски е одигран тикет со погодени девет парови, а добивката во бруто износ е 283.276 денари.

Шест натпревари се погодени со конечен тип, а три од нив се со една од најинтересните комбинации што ги нуди Sport Life, играта на конечен тип во комбинација со голови во двете полувремиња.

Тука има и дополнителна комбинација 4+5, односно четири меча од сабота и пет од недела. Се чекаше двојка на Милан против Фиорентина, а за победа на гостите во меч со два пресврти се погрижија Брахим Дијас и Хакан Чалханоглу, откако домаќините со головите на Пулгар и на Рибери ја анулираа почетната предноста на Милан што ја донесе Златан Ибрахимовиќ.

Тој меч се играше завчера од 18 часот. Потоа многу лесно Тотенхем ја победи Астон Вила, а ПСЖ и Барса ги декласираа Лион, односно Реал Сосиедад за точно погодени комбинирани типови, двојка со најмалку по еден гол во вторите полувремиња, или 2&1+I&1+II.

ПЕНАЛИ СЕ ПРОМАШУВАА, НЕМАШЕ УТКА ЗА ДОБИВКА ОД РЕЧИСИ ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ

Врв на одличниот викенд за обложувачите е тикетот со четири пара одигран во Старата скопска чаршија, уплатен за 4.000 денари што донесе ќар со интересни бројки.

Бруто добивката е со цагер бројки, 967.967, или безмалку еден милион денари, а одиграни се комбинации со конечен исход и минутажа на прв гол на четири натпревари.

Како и секогаш треба да се има и доза на среќа, а се насмевна за добитен тикет со пеналите. Атлетико Мадрид победи против Алавес со 1:0 за погоден комбиниран тип единица со прв гол по 30 минута, или 1&30+, но на „Ванда Метрополитано“ гостите промашија пенал во 86. минута, па лесно можеше да се случи тикетот да биде недобитен.

Промашен пенал можеше да биде решавачки и на дуелот во Белгија меѓу Гент и Серкл Бриж, каде беше одиграна иста комбинација 1&30+. Домаќините славеа среќно со 1:0, откако Кастро-Монтес го утна ударот од белата точка во 81. минута, но потоа одбиената топка ја смести во мрежата.

Барселона го растури Реал Сосиедад со 6:1 на гостински терен, а и тука за среќа на обложувачот со добитен тикет уплатен во Старата скопска чаршија првиот гол што го постигна Антоан Гризман падна откако измина половина час игра, па погоден е комбинираниот тип 2&30+.

Единствено, на добитниот тикет со интересни бројки 967.967 одигран е натпреварот Фиорентина – Милан со комбинација двојка и прв гол до 29 минута, или 2&0-29. По два пресврти гостите победија со 2:3 и Златан Ибрахимовиќ даде прв гол на мечот во деветтата минута, за топ-добивка од речиси еден милион денари.

ВО НОВ ДОЈРАН И ВО БОСИЛОВО НАНИЖАНИ КАКО ПОД КОНЕЦ ДОБИТНИ ТИКЕТИ СО ПОЗНАТИ КОМБИНАЦИИ

Типски тикети со една комбинација 2-2 и 1-3I&1-3II се добитни во Нов Дојран и во Босилово на уплатните места на Sport Life.

Во Нов Дојран сите пет меча на добитниот тикет се погодени со знак „два во два“, односно предност на гостите по првото полувреме и нивна конечна победа, а добивката е 150.148 денари во бруто износ со уплата од 200 денари.

И сите пет меча се играа во вечерен термин во неделата. Погодени се дуелите меѓу Астон Вила и Тотенхем, Алкоркон и Рајо Валјекано, Рома – Наполи, Лион против ПСЖ и Реал Сосиедад со Барселона.

Победите на гостите беа убедливи, најмалку со по два гола разлика, а сите имаа и предност по првото полувреме што донесе убав ќар од 2.000 евра во нето износ.

Одлична е и погодената „осмица“ во Босилово со иста комбинација на тикетот „од еден до три гола во првото и во второто полувреме“, или популарната игра 1-3I&1-3II за добивка од 83.503 денари.

Комбинацијата за добивка е составена од 7 натпревари во англиските лиги и еден од Втората шпанска лига, или популарната Сегунда, меѓу Еспањол и Логроњес.

Токму тука беше најнеизвесно, бидејќи домаќините набрзина за само 240 секунди од 22. до 26. минута постигнаа три гола, па уште еден погодок во следните 20-на минути од првото полувреме ќе го урнеа добитниот тикет.

За среќа на добитникот на 83.503 денари напаѓачите на Еспањол застанаа со рафалната стрелба и гостите не погодија до крајот на полувремето што го остави тикетот во игра.

Еспањол победи со 4:0, потребниот гол во второто полувреме го постигна Димата во 70. минута за голема радост во Босилово и нето ќар од 71 илјада денари.

- Оглас -

Најнови вести