Обложувалниците го тргнаа мечот кој заврши според „очекувањата“: со „кец у два“!

Изгледа УЕФА ќе има работа околу 34-тото коло во српската Суперлига, особено околу регуларноста на натпреварот помеѓу ТСЦ и Напредак. Обложувалниците во Србија го тргнале овој меч од својата понуда, плашејќи се од сомнителни работи, а се покажа дека имале право. Прво имало пад на квотите за победа на Напредак, а потоа мечот е тргнат од понудата.

По првото полувреме домашните водеа со 1-0, на крај славеа гостите со 3-1. Особено третиот гол кој го постигна Напредак денеска, е смешен, пишуваат српските медиуми, а и голот за водство на ТСЦ бил после катастрофална грешка на голманот.

Напредак е тим кој се бори за опстанок, „одлично ја темпираше формата“, и има серија од пет победи по ред, што е неверојатно, ако се знае дека претходно не можеа речиси никого да совладаат (имаа пет победи на 29 меча).

Сезонава од српското првенство ќе испаднат дури шест тима, па во завршните кола ќе има секакви циркузи.

- Оглас -

Најнови вести