Обложувањето му е секојдневна забава на типстер шампионот за октомври

Драган Спасовски е победник во Типстер купот на Sport Life за октомври и тоа му донесе 100.000 денари, што е најголема добивка во неговата обложувачка кариера.

Драган вели дека редовно ги посетува објектите на Sport Life кои се во близина на неговиот дом, а дека е успешен во прогнозирање, доказ е што во текот на октомври тој имаше дури 18 добитни тикети кои ги исполнуваа условите на Типстер купот.

„Нема ден да не уплатам тикет. Уплаќам редовно, а комбинирам и помали и поголеми суми на уплати. Кога бркаш нешто поголемо, нема стискање, треба да се уплати и повеќе. За мене обложувањето е забава, не го нарекувам коцкање. Ја следам интуицијата, сум имал и убави добивки и сум промашувал за една, а, секако, треба и среќа, нема правило и конкретен рецепт за успех“, вели Драган, кој со пријателите со кои заедно се обложува, ја прослави добивката од 100.000 денари.

„Да, овие 100 илјади ми се најголема добивка досега. Во мај преку ноќ ми побегна милион, бев прв до последен ден, а победи човекот кој беше четврти и направи пресврт во последен момент. Нема лутење, тоа е тоа. Инаку, имам пријател со кого разменуваме мислења и заедно анализираме“, открива Спасовски.

ГО ОБОЖУВАЛ БАТИСТУТА, ОМИЛЕНИ ЗА ОБЛОЖУВАЊЕ МУ СЕ ТОП-ЛИГИТЕ

Омилени тимови на Драган му се Баерн Минхен и Ливерпул, а во минатото бил фан и на Фиорентина.

„Сега омилени ми се Ливерпул и Баерн, тие се неизоставен дел од моите тикети. Порано ја сакав и Фиорентина, во времето кога таму беше Габриел Батистута. Ми остана љубовта кон тој клуб, но помалку од порано“, ни кажа Драган.

„Ги шарам најсилните лиги, најчесто играм на топ-лигите, иако знам некогаш да ставам и некој меч од Шкотска или друга лига, но обично ги играм четирите најсилни, Шпанија, Италија, Англија и Германија. Сакам да се обложувам и на репрезентации, одвај чекам да почне Светското првенство“, раскажува Драган, кој не престанува да го игра Типстер купот.

ТИПСТЕР КУПОТ МУ Е НА ПРВО МЕСТО

„Sport Life ми е омилена обложувалница, таму уплаќам над 80 проценти од тикетите, ретко одам во друга обложувалница. Ги играм и другите игри, но Типстер купот ми е омилен, таму ми оди најдобро и продолжувам да го играм“, заклучува Драган.

На 18-те добитни тикети на Драган кои му ја донесоа победата во месечната етапа, вкупната квота е 407.48.

Второто место за октомври со 15 погодени тикети го освои Стевче Л., за што си заработи 30.000 денари, а третопласираниот Кирил П., кој имаше 12 добитни тикети, добива 20.000 денари.

Во тек е ноемвриската етапа на Типстер купот, во моментов води Даниел Д. со осум добитни тикети, но има уште речиси две недели во кои може ситуацијата да се смени.

- Оглас -

Најнови вести