Очајните ЛА Лејкерс не се фаворити ниту против Атланта, вечерва и мега дуел Вилијамсон – Ембид

Вечерва ќе се одиграат девет натпревари во НБА-лигата и сите имаат по 155 комбинации. Може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

На три натпревари фаворити се домаќините, а „сигурица“ треба да бидат Милвоки кој игра против Минесота, Чикаго кој го пречекува Детроит, но и Атланта која пред своите гледачи ќе игра против ЛА Лејкерс.

Лејкерси играат очајно сезонава, имаат скор од 14 победи и 21 пораз и се наоѓаат на 13-та позиција на табелата во Западната конференција. Дополнителни проблеми за „езерцата“ претставува повредата на Ентони Дејвис, па најтрофејниот тим заедно со Бостон (двата тима имаат по 17 титули), не е фаворит ниту против Атланта.

Неколку натпревари го привлекуваат вниманието на јавноста и на медиумите, а меѓу нив е и дуелот меѓу Њу Орлеанс пеликанс и Филаделфија сискерс. Двата тима играат одлично, Њу Орлеанс со скор 22-12 е лидер на Западот, додека Филаделфија има скор 20-13 и се наоѓа на петтото место во Истичната конференција, а двата тима имаат четири победи во последните пет средби. Навивачите со нетрпение го очекуваат овој натпревар бидејќи еден против друг ќе играат Зајон Вилијамсон и Џоел Ембид.

Денвер нагетс предводен од Никола Јокиќ го очекува тежок натпревар против Чикаго булс кој се наоѓа во победнички ритам.
Интересен натпревар се очекува да биде и тој меѓу Торонто и Феникс.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 40 кошаркари кои ноќеска треба да се појават на паркетот се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.

Фаворити за плус поени над предложената граница се Микал Бриџис, Зајон Вилијамсон, Џоел Ембид, Џими Батлер, Демиен Лилард, Џордан Пул…

 

- Оглас -

Најнови вести