Очекуваме две победи: Женската репрезентација и Вардар се во улога на фаворити

Скопје денеска е домаќин на два интересни ракометни дуели од интернационален карактер. Ракометниот првак Вардар вечерва во „Јане Сандански“ го пречекува Мотор Запорожје во меч од 5. коло во регионалната СЕХА лига, додека женската репрезентација на Македонија стартува во квалификациите за Светското првенство, а прв противник ни е Исланд. Според квотите и во двата меча, нашите екипи се фаворити, па може и да очекуваме две победи.

Вардар има две победи и два порази по четири кола во СЕХА лигата, а Мотор е тим од кого загубија со 30:23 на гостувањето во Запорожје пред неполн месец. Црвено-црните досега два пати играле во Скопје против Мотор и два пати победиле убедливи и тоа во мечеви на кои имало многу погодоци (44:37 и 38:28). Тренерот Стевче Алушовски е оптимист и очекува добра игра на Вардар.

„Верувам дека против Мотор ќе одиграме многу подобро отколку на првиот меч во Украина. Проблемите околку составот на екипата постојано се присутни. Јотиќ уште не тренира со екипата, а поради повреда неизвесни се Патрик Валчак, Димитар Димитровски, Иван Чупиќ и Борко Ристовски. Од средбата во Запорожје извлековме доста поуки и се надевам дека ќе одиграме многу подобро. Сега влегуваме во жесток ритам на играње на четири фронта. Ќе треба да издржиме и да покажеме дека сме квалитетен тим“, вели Алушовски за дуелот кој започнува во 20:15 часот.

ЖЕНИТЕ ТРГНУВААТ ВО ПОХОД НА СП

Три часа пред мечот на Вардар, во салата „Борис Трајковски“, женската ракометна репрезентација ќе ги стартува квалификациите за пласман на Светското првенство во Шпанија. Прв противник на нашите ракометарки ќе биде Исланд, репрезентација која ја имаме победено на последните две соочувања.

Освен Исланд, во групата се уште и репрезентациите на Грција и Литванија кои исто така играа денеска од 19 часот. Двете првопласирани селекции ќе обезбедат место во баражот за пласман на Мундијалот во Шпанија.

Доколку верувате во победа на Македонија и сакате да се обложите, во Супер тип понудата на Sport Life, „кецот“ има зголемена вредност и тоа може да го проверите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести