Очекувано: Јокиќ повторно е МВП во НБА-лигата

Никола Јокиќ е избран за најкорисен кошаркар во НБА, потврдија од најсилната кошаркарска лига во светот. За 29-годишниот центар на Денвер ова е трета ваква награда која е највредно индивидуално признание во НБА. Првпат беше прогласен за најдобар во сезоната 2020/21, следната сезона ја продолжи доминацијата, а лани само беше прекината неговата низа, кога Џоел Ембид беше МВП.

Од вкупно 99 гласа, дури 79 го ставија Јокиќ на првото место на листата, за 18 од нив Јокиќ беше на второто место, а само двајца го класифицираа како трет. Тоа му донесе дури 926 поени на Србинот и на крајот заврши убедливо како најдобар пред второпласираниот Шеј Гилџус-Александер, додека Лука Дончиќ беше третопласиран.

Јокиќ имаше фантастична сезона во НБА и имаше просек од 26,4 поени по меч, 12,4 скока, девет асистенции, 1,4 украдени топки и 0,9 блокади по меч. Шутот од игра му беше со 58 отсто прецизност, а слободните фрлања ги изведуваше со 82 отсто реализација. Неговиот Денвер на крајот од сезоната заврши со скор од 57 победи и 25 порази и имаше идентичен биланс како Оклахома.

Сепак, Денвер сега го чека пеколен предизвик да го одбрани тронот затоа што по лесното поминување на првата фаза во плејофот, налета на Минесота, од која губи со 0:2, и тоа двата порази ги претрпе на домашен терен.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести