Очекуван договор, се разделија Атлетико Мадрид и Диего Коста

Атлетико Мадрид објави дека Диего Коста е слободен играч по взаемниот договор што е постигнат денеска и по кој поранешниот шпански репрезентативец може да си бара нов клуб веќе во јануари.

„Атлетико Мадрид и Диего Коста се договорија да се поништи договорот што важи до јуни 2021 година. Играчот побара да биде раскинат договорот и денеска го сторивме тоа. Му благодариме за придонесот во изминатите години и му посакуваме успешна кариера“, објавија од таборот на Атлетико.

Коста во три наврати беше член на популарните Јорганџии, а првата авантура му беше од 2007 до 2009, кога не одигра ниту еден меч и дури трипати беше позајмуван во други клубови.

Втората шанса ја искористи и одигра над 100 меча за Атлетико во периодот од 2010 до 2014 година, што му донесе и статус на репрезентативец на Шпанија и тансфер во Челзи.

Третпат се врати во Атлетико во 2018 година и беше член на еден од најдобрите шпански клубови до денеска.

 

- Оглас -

Најнови вести