Очоа не им се дава на Меси и Роналдо, и тој ќе биде на шесто Светско првенство

Мексиканскиот легендарен голман Гилермо Очоа објави дека летово ќе ја заврши својата кариера, и тоа со присуство во составот на репрезентацијата на претстојното Светско првенство на кое неговата земја е една од домаќините.

За Очоа кој во јули ќе наполни 41 година, тоа ќе биде шести Мундијал, со што ќе го дели рекордот заедно со Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а ќе го надмине својот сонародник Рафаел Маркез кој играше на пет светски првенства. Сите тројца дебитираа на СП во 2006 година, а годинава последен пат ќе се појават на најважниот фудбалски настан.

Очоа е член на кипарски АЕЛ Лимасол, но договорот му истекува на крајот на мај, а после СП ќе ја заврши и клупската кариера. Има 152 настапи за Мексико, последниот во ноември 2024.

- Оглас -

Најнови вести