Од 17 јануари немаат победа, па навивачите решија да ги „разбудат“ фудбалерите

Шалке 04 одиграа само 1:1 на свој терен против Унион Берлин и уште еднаш ги разочараа своите верни фанови. Тимот од Гелзенкирхен е во неверојатна низа од 20 меча без победа во Бундеслигата. Последен пат Шалке во домашното првенство победи на 17 јануари, а потоа нареди точно 20 натпревари без радост.

На навивачите на Шалке им здосади да чекаат победа на своите миленици, па по дуелот со Унион Берлин, решија да поразговараат со фудбалерите. Околу 80 ултраси се собраа пред стадионот и побараа да се појават играчите.

Средбата течела во мирен тон и без инциденти, а играчите ветиле дека уште во наредното коло ќе покажат гордост и карактер. Следен ривал на Шалке е големиот ривал Борусија Дортмунд. Доколку Шалке успее да направи чудо и да победи, фановите од Гелзенкирхен сигурно брзо ќе ги заборават овие девет месеци без победа на нивниот омилен тим.

 

- Оглас -

Најнови вести