Од 2014 година па наваму, Нејмар се повредил дури 18 пати

Откако стана јасно дека Нејмар нема да ѝ помогне на бразилската репрезентација на претстојното првенство Копа Америка, пресметани се сите повреди на најскапиот фудбалер на светот, почнувајќи од Светкото првенство 2014 кое се одржа во неговата родна земја.

Нејмар се здобил вкупно со 18 повреди на неколку делови од телото, а поради нив пропуштил 71 натпревар за клубот и за репрезентација. Најмногу има страдано неговиот десен глужд, токму последната повреда која го отстрани од континенталниот шампионат на Јужна Америка.

По четирипати се здобил со повреда на бутните мускули од двете нозе, две повреди му се на левиот глужд, додека по еднаш настрадале половината, ребрата и рамото на левата рака.

Селекторот Тите во најскорот време треба да избере замена за повредениот Нејмар кој ќе го пополни неговото место во селекцијата, а како прв фаворит се споменува талентираното крило на Реал Мадрид, Винисиус јуниор.

- Оглас -

Најнови вести