Од Баерн открија дали Флик ќе биде новиот селектор на Германија

Европскиот и светски клупски првак Баерн Минхен нема намера да го смени тренерот Ханси Флик во скоро врме, потврди извршниот директор на баварците, Карл-Хајнц Румениге. Флик има договор со Баерн до 2023 година, а се нуди и можност за продолжување на соработката. Со Флик на клупата, Баерн освои пет трофеи во натпреварувањата во кои беше дел изминатата сезона.

„Му потенциравме на Флик дека сме многу задоволни од него. Нема шанси тој да си замине. Тоа е факт“, изјави Румениге.

Со оваа изјава на еден од главните луѓе во Баерн, стана јасно дека Флик нема шанси да биде наследникот на Јоаким Лев, на селекторското место во герамснаката репрезентација. Германија е во потрага по нов кормилар, откако Лев најави дека си заминува по завршивање на Европското првенство.

Баерн Минхен со Флик на клупатата се радуваше на пехарите во Бундеслигата, Купот на Германија, Лигата на шампиони, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести