Од Борусија Дортмунд се јасни: Треба да разговараме со Халанд а тој што го посакува нека спреми добра сума на пари

Ерлинг Халанд сосема очекувано е една од најголемите ѕвезди кој што се барани во овој трансфер период.

Голгетерот на Борусија Дортмунд е посакуван од многу големи клубови а и тој самиот изјави дека е подготвен за нови предизвици. Сето ова не им се допадна на челните луѓе на Борусија кои се подготвуваат за состанок со Норвежанецот.

„Ќе седнеме да разговараме со Халанд во наредниот период и би било што подобро доколку се решат сите недоразбирања, бидејќи не сакаме ваквата ситуација да се одолговлекува.

Ние сме јасни, тој што го посакува Ерлинг ќе треба да плати добра сума на пари иако не е наш приоритет да го продадеме во овој преоден рок.

Халанд е во добри раце овде и ние се надеваме дека ќе остане, но конечната одлука ја има самиот фудбалер и неговиот агент“ изјави директорот на тимот од Дортмунд, Себастијан Кел.

- Оглас -

Најнови вести