Од час во час расте бројот на жртвите, фотографиите се шокантни, а позната и една од причините за трагедијата

Втората најголема катастрофа забележана во светот на спортот уште ги брои жртвите. На „Канјурухан Маланг“ стадионот на дербито меѓу Арема и Персебаја во првенството на Индонезија, животот го загубија преку 170 луѓе, а повеќе од 200 се повредени.

Нередите започнаа по завршување на дуелот кој домаќините го загубија со 2:3. Домшните навивачи втрчаа на теренот, се случи стампедо и ситуацијата излезе од контрола.

Стадионот е со капацитет од 38.000 гледачи, а на трибините имало повеќе од 42.000 гледачи, што е една од главните причини за трагедијата.

Поголем дел од загинатите се задушиле, додека други настрадале обидувајќи се да го пробијат полицискиот кордон.

Сепак, уште нема официјална потврда за употреба на прекумерна сила од полицијата. Стадионот и местото околу стадионот наликуваше како да е воена зона.

 

- Оглас -

Најнови вести