Од дебито за Барселона до сега, Јамал пораснал 10 сантиметри

Најголемата тинејџерска фудбалска ѕвезда Ламине Јамал, изненади многумина со мерењето пред новата сезона, бидејќи продолжува значително да расте дури и на 18 години.

На мерењето пред сезоната, Јамал беше висок 181 сантиметар, што е за 10 сантиметри повисок отколку кога дебитираше за каталонскиот тим пред две години.

Во тоа време, Јамал беше висок само 171 сантиметар, а клубот не очекуваше дека ќе достигне таква висина како крилен напаѓач.

На 18 години, Јамал е веќе еден од најдобрите фудбалери во светот и сериозен кандидат за освојување на Златната топка оваа година, а наскоро ќе започне нова сезона со Барселона.

Јамал стана полнолетен на 13 јули, а неодамна го доби дресот со број 10 во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести