Од десеттемина најплатени фудбалери на светот, осуммина се во Саудиска Арабија

Трансферот на Нејмар од ПСЖ во Ал-Хилал, придонесе сега од десеттемина најплатени фудбалери на светот според годишната плата, дури осуммина да бидат од клубови од Саудиска Арабија, а само еден е од Топ 5 лигите во Европа.

Кристијано Роналдо е ѕвездата која „повлече нога“, а сега веќе е голем бројот на ѕвезди и познати фудбалски имиња кои се членови на клубови од Саудиска Арабија. Саудијците не жалат пари и сега во нивната лига се осум од десеттемина најскапи играчи на светот.

Првото место го делат Роналдо од Ал-Наср и Карим Бензема од Ал-Итихад со по 200 милиони евра, трети се Нејмар од Ал-Хилал и Н‘голо Канте од Ал-Итихад со по 100 милиони.

Петти е Мбапе, кој е член на парискиот ПСЖ со 70 милиони по сезона и тој е единствениот од топ 5 лигите во Европа на листата на десеттемина најплатени.

Зад него, на шесто место е Меси од Интер Мајами со 45 милиони.

Од седмо до десетто место се четворица играчи кои летово дојдоа во клубови од Саудиска Арабија. Тоа се Садио Мане од Ал-Наср со 40 милиони, исто толку заработува и Џордан Хендерсон од Ал-Етифак, 35 милиони е годишната плата на Ријад Марез во Ал-Ахли, а десетти е Калиду Кулибали од Ал-Хилал со 30 милиони.

- Оглас -

Најнови вести