Од еден играч на Барселона, зависи дали мечот ќе биде ефикасен или не

Ефикасната игра на Барселона кога игра лигашки натпревари на домашен терен сезонава е запрепастувачка, 30 погодоци на седум меча на „Камп Ноу“ е нешто што покажува колку каталонците доминираат, но има еден фудбалер кој „од сенка“ можеби е клучен за таа ефикасност.

Станува збор за играчот од средниот ред, Серхио Бускетс, кој иако не дава голови, многу придонесува во ефикасноста. И бројките го покажуваат тоа. Без Бускетс на терен, гол-разликата на Барса во шпанската лига е 7-6, а со него, гол-разликата е 31-12.

Бускетс не играше во Билбао каде Барса загуби со 0-1, не играше ниту во Гранада каде загубија со 0-2, а не настапи и со Атлетико во Мадрид поради суспензија, но таму победија со 1-0. Сепак, овие мечеви без неефикасни. Кога игра Бускетс, и Меси и Суарес се порасположени за давање голови, но и Тер Штеген прима повеќе голови. Синоќа Мајорка им даде два гола, но каталонците постигнаа пет.

Затоа, во иднина ако разберете дека ќе игра Бускетс, можете слободно да типувате на ГГ и 3+, а ако го нема, тогаш мечот нема да биде со премногу голови.

- Оглас -

Најнови вести