Од ФФМ порачуваат: Целосно соработуваме со МВР

Припадници на Министерството за внатрешни работи со поддршка на Јавното обвинителство влегоа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел да се соберат информации за наместени натпревари во професионалните лиги во Македонија. Вечерва од ФФМ испратија соопштение во кое потврдуваат дека целосно доработуваат со органите на МВР.

„Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ,  потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн.

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел“.

- Оглас -

Најнови вести