Од глупо, поглупо – Мареј објави експлицитни сцени со девојката, па се правдаше дека профилот му е хакиран

Бекот на Денвер нагетс објави експлицитни сцени и видео на Инстаграм со својата девојка, а потоа ги избриша заедно со профилот, па се обиде на неубедлив начин да се вади.

„Им се извинувам на сите. Некој ми го хакирал профилот на Инстаграм“, објави Мареј. Многумина што имаа можност да го погледнат видеото, како девојката орално го задоволува Мареј, беа вчудоневидени од постапката на познатиот ас на Денвер.

Тој брзо реагираше и го избриша видеото и комплетно својот профил на Инстаграм, па се врати за да се извини. Сепак, немаше одговор на прашањето како може да му биде објавено видео од хакери бидејќи е очигледно дека е снимено од самиот кошаркар.

Мареј со просек од 18,8 поени е вториот најдобар кошгетер на Нагетс, зад Никола Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести