Од готово, на вересија: Пораз од Аргентина на стартот од кадетското СП

Кадетската репрезентација на Македонија со пораз од Аргентина (20:23) тргна на Светското ракометно првенство за играчи до 19 години. Избраниците на Данило Брестовац пропуштија убава прилика на добар начин да го започнат својот поход кон висок пласман.

Минималното водство во последните неколу минути од средбата не беше доволно да се запише победа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, нашите ракометари загубија здив во клучните моменти, а противниците профитираа од нивните грешки. Падот на играта по одличното прво полувреме во кое Македонија водеше со 13:9, резултираше со нереализиран седмерец при резултат од 20:21 во корист на Аргентина, по што примивме два гола кои го потврдија поразот.

Костевски со 6/6 беше најефикасен во нашиот состав, четири гола постигна Серафимов, а три погодоци запиша и Младеновиќ. Гарсија ги предводеше Аргентинците со седум погодоци од осум обиди.

Следниот натпревар за Македонија е против Хигерија за два дена.

- Оглас -

Најнови вести