Од играч во Бундеслигата, до пријателство со Бин Ладен и затвор поради тероризам

Хатем Трабелси е поранешен репрезентативец на Тунис кој неколку години успешно играше и во Европа. Фудбалерот кој беше на позицијата десен бек, во 2001 година дојде во Ајакс, каде што со успех настапуваше пет сезони. Во 2006 година, Трабелси направи трансфер во Манчестер сити, а само по една година помината во Англија, замина во Ал-Хилал, каде што и ја заврши кариерата. Трабелси има и 66 настапи за туниската репрезентација.

За разлика од Хатем, името на Низар бен Абделазиз Трабелси не се памети по добро во фудбалот. Тој е некогашниот играч на Фортуна Диселдорф, кој сепак наместо фудбалска кариера, реши да биде терорист. Низар уште како 19-годишен тинејџер замина во Германија, каде што не се снајде најдобро, но затоа многу брзо ги научи лошите страни на фудбалска ѕвезда. Беше забележуван како често е во друштво на алкохолот, дрогата и проститутките.

Подоцна за своите лоши зависности го обвини лошото влијание на западниот свет. Во формирањето на својот став за светот, на Низар му помагаа и пријателите од Ал-Каеда. Во Авганистан знаел да седне и да испие чај со Осама бин Ладен, а обожавал да ги слуша разговорите на некогашниот лидер на оваа терористичка организација.

По рушењето на кулите-близначки во САД, низ светот беше направена голема полициска рација. Некогашниот фудбалер на Фортуна Диселдорф беше уапсен во Белгија, и тоа додека возел комбе полно со 900 килограми експлозив. Низар бил на пат кон авионската воена база која била преполна со американски војници, но и каде што имало и нуклеарен експлозив. За среќа, Низар не успеал да стигне до својата дестинација.

Под обвинение за тероризам, тој бил осуден на 10 години затвор, а потоа бил екстрадиран во САД. Едноставно, тажна е приказната за овој некогашен фудбалер, кој поради своите идеали дека убивањето на други луѓе прави добро дело, сега е далеку од фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести