Рафиња и Мартин му покажуваа среден прст на навивач на Реал за време на парадата (Видео)

Фудбалскиот клуб Барселона со парада низ улиците на најголемиот каталонски град ја прослави својата нова титула во шпанското фудбалско првенство.

Каталонците повторно покажаа опседнатост со ривалот Реал Мадрид и вадеа маици со провокативна содржина, а и пееја „Кој не скока, тој е мадридиста!“

Но, во еден момент фан на Реал излезе на балкон и ги поздрави со дрес на Кралскиот клуб. Според шпанските медиуми, овој млад фан ги провоцирал играчите на Барса и им викал дека дресот на Реал има мирис на Лигата на шампионите. Тие не го прифатија убаво потегот, па Рафиња и Жерард Мартин му вратија на недоличен начин, со покажување среден прст.

- Оглас -

Најнови вести