Од играчка плачка! Бизарна е причината поради која Силва нема да игра во дербито против Челзи

Обидот на Бернардо Силва да се пошегува со својот соиграч Бенџамин Менди скапо го чини играчот на Манчестер сити. Португалскиот интернационалец доби суспензија од еден меч и парична казна од 50.000 фунти поради твит постиран на 22 септември.

Силва во постот го спореди својот соиграч со еден цртан јунак од реклама на шпански чоколадни ф’стаци. Менди воопшто не беше лут на таквата споредба, дури и се изнасмеа велејќи дека Силва води со 1:0, но дека има и реванш.

И покрај тоа што не се работи за навреда, челниците на Англиската федерација во тој пост забележале навреда на расна основа, па затоа решија да го казнат Силва со еден суспензија од меч.

Тоа значи дека Португалецот, кој сезонава даде пет гола во 11 меча за Граѓаните, ќе го пропушти дуелот против Челзи во Премиер лигата кој треба да се игра на 23 ноември..

- Оглас -

Најнови вести