Од каде тие шпекулации, нема да го доведеме Меси!

Помина една недела откако Лионел Меси официјално побара да си замине од Барселона, а уште не стивнуваат шпекулациите за тоа каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата. Интер беше еден од клубовите кои заедно со Манчестер сити најчесто се споменуваат како можна нова дестинација на Меси.

Многумина фанови на Нераѕурите се надеваа дека Лео ќе пристигне на „Џузепе Меаца“, па покрај тоа што тие ќе добијат екстра играч, туку и повторно можеше да се врати ривалството на Аргентинецот со Кристијано Роналдо, кој сега игра во Јувентус. Сепак, многу веројатно дека Интер ги загуби шансите да го доведе Меси.

„Нема да го купиме Меси. Не знам од каде потекнуваат тие луди шпекулации. Секако дека секој клуб на светот посакува во своите редови да има еден таков играч, но реалноста и фактите се поинакви“, вели директорот на Интер, Пјеро Аусилио.

Ако за Меси нема шанси да заигра во Интер, директорот Аусилио сепак потврди дека постои опција за доведување на бекот Александар Коларов од Рома и играчот за врска на Барселона, Артуро Видал.

„Има големи шанси да го купиме Коларов. Што се однесува до Видал, тоа е играч кој ни се допаѓа како игра. Сепак, тој сега е член на Барселона, а ние ја следиме ситуацијата. Ако има шанса сигурно ќе се обидеме да го доведеме во нашите редови“, дополни директорот на Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести