Од Катар, директно на историското дерби: Митровиќ „грмеше“ со Гробари (Видео)

Партизан и Црвена Ѕвезда имаат одиграни дури 288 кошаркарски дерби дуели, но вечевра прв пат играат во Евролигата. Сезонава двата српски клуба се дел од елитното натпреварување, а Партизан ја доби шансата да биде домаќин на првото европско дерби.

Арената во Белград е исполнета до последно место, а навивачите на Партизан направија одлична атмосфера пред мечот. Меѓу повеќе од 15.000 навивачи кои пееја за Партизан беше и фудбалскиот репрезентативец Александар Митровиќ.

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на Србија е поранешен играч на Партизан. Откако Србија беше елиминирана на Светското првенство во Катар, Митровиќ се врати во Белград и не ја пропушти можноста да биде дел од ова историско градско дерби.

- Оглас -

Најнови вести