Од Ле Ман почнува новиот европски сон за нашите надежи

Фудбалската селекција на Македонија до 21 година, како и А тимот, тргнува со нов селектор по нови успеси. Избраниците на Драги Канатларовски со тешко гостување кај надежите на Франција во Ле Ман ќе се обидат да изненадат и на најдобар можен начин да го почнат походот кон нов пласман на младинското ЕП кое е предвидено за 2023 година.

Една од претходните генерации на Триколорите беше во групата на Македонија кога се избори за историскиот пласман на ЕП 2017 за млади во Полска, на двапати ремизиравме со 2-2 и 1-1. Тоа се единствените дуели против оваа селекција одиграни пред шест, односно пет години.

Во нашиот состав, кој во главно се состои од фудбалери од домашното првенство, доби на квалитет со приклучокот на напаѓачот Стефан Чолаковски, кој заедно со стоперот Метју Божиновски допатуваа од Австралија за да придонесат во остварување на мисијата.

Дуелот е предвиден да започне во 18:30 часот, а за пет дена надежите на домашен терен ќе ги одмерат силите со младат селекција на Србија.

- Оглас -

Најнови вести