Од Леверкузен замина една ѕвезда, но не таа што се очекуваше

Баер Леверкузен го продаде напаѓачот Кевин Фоланд во Монако за сума од 15 милиони евра, од кои четири милиони евра ќе се издвојат во бонуси. Германецот потпиша четиригодишен договор со Кнезовите и тој е четврто летно засилување за тимот кој го води Нико Ковач.

Во меѓувреме, од Леверкузен се очекува уште едно заминување. Кај Хаверц наскоро ќе биде презентиран како нов играч на Челзи, а Фармацевтите од тој трансфер треба да заработат повеќе од 90 милиони евра.

Патрик Шик од Рома ќе биде замена за Фоланд, за кого Баер ќе плати до 30 милиони евра.

https://twitter.com/AS_Monaco/status/1301067387735879681

- Оглас -

Најнови вести