Од лошо полошо, Џенова со Шевченко реди само порази и тоа со „хендикеп“

Лацио беше подобар од Џенова со 3-1, во меч од италијанската Серија А на кој Горан Пандев одигра 59 минути. Додека Пандев беше на терен, неговиот поранешен клуб водеше со 1-0, а потоа одбраните попуштија, па средбата на „Олимпико“ заврши 3-1.

За Џенова, со новиот тренер Андриј Шевченко, ова е четврти лигашки пораз по ред, сите со повеќе од еден гол разлика. Пандев и другарите во 18 кола, имаат собрано само 10 бода, но се наоѓаат на само два бода зад безбедната зона која носи опстанок.

Првиот гол за Лацио го постигна Педро, и тоа е негов шест погодок сезонава, со што Шпанецот веќе го надмина својот број на голови од целата претходна сезона во која играше за ривалската Рома.

- Оглас -

Најнови вести