Од македонското првенство нема играчи на Мундијалот, ќе се игра без прекин во ноември и декември

Македонското првенство продолжува денеска со натпревари од 15. коло, а ќе нема застој во ноември и декември и ќе се игра и за време на Мундијалот во Катар.

Од нашето домашно првенство нема фудбалери што ќе играат на Светското првенство што ќе се игра од 20. ноември со 18. декември, па речиси во текот на целиот Мундијал и кај нас ќе се игра домашен фудбал.

Денеска од 13 часот ќе се играат четири натпревари од 15. коло, а дербито е меѓу лидерот Струга и Шкендија.

Стружани имаа 8 победи по ред од стартот на првенството, но сега се во серија од пет меча без победа, па Шкендија може и да се израмни со нив на врвот на табелата, ако денеска победи.

Шкупи и Скопје ќе го играат градското дерби во Кичево, поради суспензијата на стадионот на Чаир.

Актуелниот првак е казнет поради инцидентите со Шкендија во купот, па ќе мора подолг период да игра на друг терен како домаќин.

Академија Пандев ќе се обиде да го прекине долгиот пост од два и пол месеци без триумф, а ривал им е Силекс.

Тиквеш му е домаќин на Работнички, а утре Македонија Ѓорче Петров ја чека Брегалница во последниор меч од ова коло.

Двојки, денеска од 13 часот: Струга – Шкендија, А. Пандев – Силекс, Шкупи – Скопје, Тиквеш – Работнички.

Утре од 13 часот: Македонија Ѓ.П. – Брегалница. Слободна е Победа.

Табела: Струга 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи 22, Тиквеш и Брегалница по 19, Македонија Ѓ.П. 16, Работнички 15, Победа 11, А. Пандев 9, Скопје 6.

 

- Оглас -

Најнови вести