Од МОК објавија каква е здравствената состојба на Реџепи, која нема да се појави на отворањето

Македонската олимпијка, џудистката Арбреша Реџепи поради близок контакт со лице заразено со КОВИД-19, е во делумна изолација и таа нема да може да присуствува на церемонијата на отварање на игрите, па нема да може да го носи македонското знаме на церемонијата на отварањето на Олимписките игри.

Сепак, таа со посебен транспорт обезбеден од страна на МОК оди на тренинг и ќе има право да настапи на олимпискиот џудо турнир. Во првото коло, Реџепи ќе се бори против Жил Челзи од Велика Британија.

Од Македонскиот олимписки комитет објаснуваат дека Арбреша не е болна, туку за време на летот од Франкфурт до Токио, човек кој е позитивен на корона-вирус седел две седишта позади неа. Според строгите правила на Интернационалниот олимписки комитет, тоа е „близок контакт“ и затоа е претпазливоста со Арбреша.

- Оглас -

Најнови вести