Од нефер потег се роди брилијантен гол (Видео)
Фудбалерите на Астра не го почитуваа многу ферплејот, но и неџентлментскиот потег доведе до еден од најубавите голови сезонава во Романија.

Капитенот на романската Астра, Константин Будеску, постигна прекрасен гол во победата против Поли Јаши, иако почетокот на акцијата беше инициран од неџентлментски потег на домаќините.
Беше досуден фаул за Астра, а додека играчите на Поли Јаши чекаа да стане повредениот фудбалер на гостите, набрзина беше изведен слободен удар, по кој Будеску постигна феноменален гол. Втор за него на мечот во победата од 4:0 против Поли Јаши.
Astra Giurgiu [3]-0 Poli Iasi, Budescu (Romania L1) from soccer